Македонска сага

Доаѓањето на младиот учител Дамјан во едно село во западна Македонија го потресува вообичаеното секојдневие на неговите жители кои припаѓаат на различни религии. Тој, на многу начини е изменет од поранешните учители во селото. Со својата младост, со начинот на кој комуницира со децата и со својата авангарда, привлекува внимание меѓу селаните.

Доаѓањето на младиот учител Дамјан во едно село во западна Македонија го потресува вообичаеното секојдневие на неговите жители кои припаѓаат на различни религии. Тој, на многу начини е изменет од поранешните учители во селото. Со својата младост, со начинот на кој комуницира со децата и со својата авангарда, привлекува внимание меѓу селаните. Во такви околности тој е почитуван гостин во многу селски домови. Во еден од нив живее и девојка по име Џемиле, сестра на новиот пријател учител, која случајно е првата личност што ја запознал во селото. Убавата девојка го привлекува вниманието на Дамјан кој на почетокот, можеби и неодговорно, и се додворува, непочитувајќи ја патријархалната средина во која влегува. Се раѓа љубов, која трагична компонента е присутна уште од првиот ден. Различните религиозни верувања не дозволуваат можност за среќен крај на оваа љубов, која наскоро ќе престане да биде тајна. Под силен притисок од семејството на Ѓемиле и воопшто од селото Дамјан ќе си замине. Набргу потоа, како во лудило, се враќа назад. Но, Џемиле во тој временски континуум се самоуби скокајќи во излеаната река, настрана што таму започна нејзината голема љубов.

Бидете први што ќе оставите рецензија за “Македонска сага”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сè уште нема рецензии.